Monday, September 10, 2012

The train of Louis Vuitton!


       
        The Orient Express  - синоним на поврзување на истокот со градот на светлината. Синоним за подем и пад, за поврзување на два света, за сплотување на две души.

А токму Ориент Експрес е мотивот на последниот омаж на франскиот бренд Louis Vuitton во кој невино сме вовлечени низ призмата на најновата колекција за дами. Колекција наменета за дами кои не се плашат да зачекорат кон непознатото, за дами кои знаат дека и најдолгиот пат започнува со првиот чекор.
  Во добропознатиот разнолик стил дизјанерите на Louis Vuitton преку најразлични текстури со смелиот избор на бои ни го прикажуваат немирниот, навидум детски дух на патување, на откривање на мистичноста на истокот. Токму преку оваа колекција Louis Vuitton  инспириран од немирниот дух на патувањето полека, но сигурно, ни ја доловува потрагата по некое ново возбудливо откритие и ни укажува на тоа дека светот е многу повеќе од прагот на нашиот дом.
        Впечаток оставаат раскошните краѓни и големите шешири кои се надополнети со дамска шминка, крупни локни и високи потпетици...Имајте пријатно возење со единствениот воз на Vuitton!!







     

No comments:

Post a Comment