Thursday, September 13, 2012

Modern and Vintige Mix!

Сместен во зграда од 1900 година овој стан е микс на моденото живеење со старинскиот добро познат стил на мебел...Во целиот простор доминира белата боја,меѓутоа и покрај тоа станот не делува ладно и одбивно, напротив ова е пријатен стан во кој секој би сакал да остане барем неколку дена. 
Зафаќа површина од 100 м2 и како и во поголемиот дел современи простори речиси целиот стан е отворен,и на овој начин сопствениците имаат повеќе можност за мегусебна комуникација.
Она што ми остави впечаток се колоритните декорации како и ситните детали: дрвените ногарки на столчињата, сликите, цвеќињата, прениците и сл. кои го надополнуваат целиот простор...
Не треба да се занемари и каминот во старински стил со неговите прекрасни детали..
Станот има два бакони сместени на спротивни правци и на тој начин сопствениците имаат можност своето утринско и попладневно кафе да го пијат уживајќи во различен поглед кон градот...





















No comments:

Post a Comment