Wednesday, June 20, 2012

Paule Ka's Resort 2013!

Paule Ka= Светлата ѕвезда на француската современа конфекција е збогатена за сезоната 2013 со новите модели на нејзиниот главен креатор а воедно и основач Serge Cajfinger.

Пронаоѓајќи инспирација во своето минато, во своите патувања, во своите авантури родениот французин Serge Cajfinger кој своето детство го поминал во Бразил на модната јавност и годинава и престави интересна колекција за дами преставени низ духот на Њу Јорк, особено, акцентирајќи го женствениот изглед на модерната дама.

Наоѓајќи инспирација низ секојдневниот космополитскиот живот на Големото Јаболко, особено на неговите знаменитости како Зградата Крајслер (Chrysler Building) , мистериозноста на Музејот на современа уметност (Moma) и можеби најромантичното место во Њу Јорк, Централ Парк (Central Park) играјќи си како со пастелните така и со сосема ненаметливи неутрални бои Serge Cajfinger на префинет начин ја доловува силуетата на модерна дама која е истовремено и ненаметливо секси, необично мистериозна , апсолутно различна, а воедно препознатливо урбана. Serge Cajfinger и оваа сезона го продолжи својот карактеристичен стил  на соединување на елеганцијата на дамата со палавиот дух на млада девојка..













No comments:

Post a Comment