Sunday, June 3, 2012

Miami Retro Style for Marie Claire Hungary June 2012!


Сонце. Палми. Девојки во бикини. Плажа. Американски сон.
Само за момент со мислите се селиме во Мајами, престолнината на гламурот, престолнината на бикините, место како да се биде секси значи да се биде шик, значи да се биде во тренд...
         Сепак, фотографиите на Zoltan Tombor на недвосмислен начин му дава ново значење зборот “шик” правејќи неповторлив коктел на модерната женственост со нота на ретро допир навестувајќи уште “едно жешко лето” некаде далеку под сонцето на Мајами...

            Еклектичниот микс на Louis Vuitton, Blumarine, Marni, Diane Von Furstenberg, Gucci, Max Mara и Dolce & Gabbana, создаваат еден дистинктивен изглед на модерната девојка слободна од стегите на шовинизмот и провинцијализмот. Девојка која живее во моментот, задоволна од самата себе, девојка која ужива во својата осаменост, девојка која не се плаши да погледне во огледало...Уживајте!
Оваа сезона во тренд се неон поп-арт детали


















No comments:

Post a Comment