Thursday, July 12, 2012

The Story Of John Galliano!



Со почит од уредникот:


Viva Galliano Viva more Viva amare



Љубов, скршено срце. 

Живот, смрт. 

Среќа, тага.

Почеток, крај. 

Далеку во височините, длабоко во низините.

Кралот Сонце.

L'enfant terrible 

John Charles Galliano

Приказна со мистичен почеток кои ниту браќата Грим не можеле да го замислат понатаму.

28 ноември 1960-та година, ден кога Британија го освои светот.
Денот кога Галиано беше роден.

Роден на мостот меѓу два светови. Роден во Гибралатар како човекот кој светот никогаш не го сфати во целост, а неговата имагинација го маѓепса светот за миг.
Уште во најраното детство Галиано се издвојува како дете што не може лесно да се вклопи во секојдневието, срамежливо дете изолирано во некој агол секогаш надгласано.
Сепак еден личност уште од најраното детство ќе изврши толку длабок рез во неговата личносто, белег што засекогаш ќе го носи врежан длабоко во себе.
Таа личност, неговата мајка секогаш ќе внимава Галиано да се истакнува од другите по својата облека, неретко облека која ќе предизвика револт помеѓу неговите сокласници во училиштето уште од негова најрана возраст. 
 Но токму неговата авангарда мајка, неговата прекрасна имагинација  и неповторливата самодоверба ќе го создадат еден од најголемите модни дизајнери што некогаш постоеле.
 Ќе го создадат John Galliano Кралот Сонце на модната сцена.

Животот на John Galliano е како приказната за грдото пајче.

Веднаш по дипломирањето на како првенец на генерацијаата престижниот Central Saint Martins College of Art and Design на светот му ја преставува својата прва колекција инспирирана од Француската револуција, храбро, а и по малку дрско насловена како Les Incroyables (Неверојатните).
Благорејќи на почетниот успех истиот изнајмува свое модно атеље во срцето на Лондон каде започнува да ја создава и развива својата магија.
Но сепак и покрај ненадминливата генијозност во создавањето на модерната авангардна конфекција овој проект на Галијано доживува фијаско и завршува со банкрот.
 Интересен е фактот дека животот на John Galliano е исполнето со падови и успеси неминовно проследени еден по друг.

Набргу по фијаското во Лондон John Galliano се сели во Париз, каде среќата повторно му го покажува своето прекрасно лице и ретко како на кој му е дадена втора шанса за да се престави на светот на високата мода, од никој друг туку од , неповторливата, несекојдневната Anna Wintour  легендарниот главен уредник на американскиот Vogue. 

Непосредно по таа во најмала рака историска средба за модата, Galliano во 1995 година го постигнува она што до тогаш било незамисливо, Galliano - британец е назначен за главен дизјанер во модната империја на Givenchy. Токму тој момент моеже да се каже дека е капислата која толку му била потреба на Galliano да се вивне како вистинска ѕвезда во светот на високата мода, набргу по успешниот старт преминува во модната куќа Dior каде го достигнува својот  максимум како дизјанер.

 Но сепак секоја среќна приказна има тажен крај.
По низа настани поврзани одредени карактеристики на самата личност на Galliano, кои поради неизменрната почит спрема дизајнерот, легендарната соработа на Galliano со Dior заврши на еден немил начин, во крајност недоличен за една таква легенда како што е Galliano.

Светската модна јавност е во исчекување на новиот Galliano во некои повесели времиња.




 






No comments:

Post a Comment