Tuesday, May 22, 2012

Lesia Paramonova!

 Lesia Paramonova е Руска дизајнерка што лицата на моделите ги покрива со фауна и ги праќа, без кондури, на модна писта :)
 Првенчето на Paramonova,колекцијата "Cycles and Seasons"  на еден сликовит и комплексен начин ја прикажѕва исконската симбиоза, поврзаност, соживот на човековото битие со неговата околина...
Еклектичната поврзаност на човекот со природата Paramonova на луциден начин ја прикажува на публиката,навидум детски и по малку дрско прикривајќи го лицето на моделите со нивната коса и цвеќе со што уште повеќе ја потенцира универзалната женственост и убавина проткаана низ секое женско битие.
 Paramonova ни го брише за момент идентитетот на моделите и на храбар начин ни порачува да гледаме подлабоко од лицето на човекот, да погледнеме во човековата душа...Во продолжение може да погледнете дел од фотографиите од "St.Petersberg Fashion Week show" и нејзината "Cycles and Seasons" кампања...yживајте во ова необична Руска бајка!












No comments:

Post a Comment